
По истрагата и проверките што ги спроведоа припадниците на Крајбрежната служба на Грција, со помош на куче за откривање експлозивни направи, не беше пронајден ништо сомнително. Проверките следуваа откако попладнево беше пријавено дека на траектот „Blue Star 1“, закотвен во атинското пристаниште Пиреја, е поставена бомба. На бродот имало 875 патници и 83 членови на екипажот, пренесе дописничката на МИА од Атина.