
Претседателката на Општинската изборна комисија Брвеница Недиме Салаи денеска му го предаде решението за градоначалник на Аркин Јахији.
Тој беше избран за нов градоначалник на Општина Брвеница, по вториот круг за предвремени избори на 1 ноември кога освои 4.442 гласови наспроти Стојанчо Радичевски кој имаше 4.184 гласови.