
Полицијата поднесе кривична пријава против 22-годишно момче од дебарско село поради сомнение дека живеело во вонбрачна заедница со малолетничка.
Според информациите од МВР, на 13 август годинава, осомничениот С.Ц. (22), по претходен договор, со својот автомобил ја зел малолетничката во близина на нејзиниот дом, по што започнале да живеат во вонбрачна заедница.