Владата се уште преговара со приватни сопственици на земјиштетото околу салата Борис Трајковски каде треба да биде изграден новиот клинички центар. Премиерот Мицкоски вели дека набрзо ќе имаат решение на маса по што ќе бидат познати и деталите кога ќе бидат удрени темелите и како ќе функционира комплексот. Засега не се знае дали ќе биде поврзан со градаката болница 8-ми септември или ќе функционира како посебен објект.