Откако Врховниот суд ги укина пресудите за трагедијата кај Ласкарци и за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, враќајќи ги предметите на повторно одлучување, во јавноста одново се разгоре дебатата квалитетот на судските одлуки. Ваквиот пресврт отвори дилеми дали поништените пресуди биле резултат на процесни пропусти, притисоци врз судиите и одлучување во корист на обвинителството, или пак недоволно аргументирани докази во претходните постапки.