Функционални младински совети, службеници, локални стратегии, канцеларии и одвојување на 0,1% од локалните буџети за финансирање на младински политики.
Ова се дел од обврските што произлегуваат од Законот за млади, кој во пракса слабо се применува, а во дел од општините грубо се крши - но никој не сноси последици.
Последната статистика на НМСМ покажува дека од 80 општини и Град Скопје, само 24 имаат формирано младински совети.
Но дури и за нив се поставува прашањето, колку се функционални?
Проблемите не застануваат тука.