MENI

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра

Речиси 190 илјади евра месечно е највисоката исплатена месечна бруто плата лани.

Ја добил скопјенец од секторот Вадење на камен јаглен. Годишно заработил речиси 2,3 милиони евра бруто.

Сепак, податоците на УЈП покажуваат дека најбогатиот македонец  бил од Гевгелија. Заработил над 4 милиони евра само од дивиденда.

Заедно со платата вкупниот доход му достигнал скоро 4,2 милиони евра. Слична сума - 4,1 милион евра од плата и дивиденда  пријавил и охриѓанец.

Лице од Вевчани пак, од капитална добивка добил 2,7 милиони евра.

Pages