Во неверојатна еуфорична атмосфера, со многу забава, пиво и скара, а особено со голема посетеност и максимална позитивна енергија, градот под Марковите Кули влегува во својот трет ден од големото случување наречено “Пивофест 2015”.
На еуфоријата не останаа имуни ниту големите музички ѕвезди од калибарот на Даворин Боговиќ, фронтменот на популарната група “Прљаво казалиште”, кој предаден на неверојатниот момент на исполнетост, за време на настапот имаше мал инцидент на сцената, кој за среќа заврши без последици.