Регистрацијата и протокот на мигрантите на југот од државата тече непречено и без никакви проблеми. Во последното денонокие МВР има издадено нови околу 2000 потврди на странски државјани, претежно од Сирија. Најголемиот дел од нив над 1200 се мажи, околу 200 жени и над 400 деца. Дел од групите бегалци кои на пат кон земјите на европската унија транзитираат низ македонска територија биле и сиријката Менол Сеух и нејзиниот сопруг кои вчера попладне во гевгелиската болница ја добија нивната прва рожба, девојче тешко 3250 грама.