Нов Ургентен хируршки центар и современа опрема ќе добие кумановската болница. Вкупната инвестиција во оваа здравствена установа е над 40 милиони денари. Ургентниот треба да биде готов до кракот на идната година. Ќе се простира на површина од 600 метри квадратни, а ќе се наоѓа на местото на сегашните амбуланти. На едно место ќе се врши дијагностика и за хирургија и интерно. Во новиот објект ќе биде поставен и компјутерскиот томограф.