Македонија
27. July 2015 - 19:37

Над 40 милиони денари во нова опрема и реконструкција на кумановската болница

Нов Ургентен хируршки центар и современа опрема ќе добие кумановската болница. Вкупната инвестиција во оваа здравствена установа е над 40 милиони денари. Ургентниот треба да биде готов до кракот на идната година. Ќе се простира на површина од 600 метри квадратни, а ќе се наоѓа на местото на сегашните амбуланти. На едно место ќе се врши дијагностика и за хирургија и интерно. Во новиот објект ќе  биде поставен и компјутерскиот томограф.

-. Новиот Ургентен хируршки центар ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта, и други простории, истакна Тодоров и додаде дека станува збор за инвестиција во вредност од над 20 милиони денари која се очекува да заврши до крајот на 2016 година, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Паралелно кумановската болница ќе се зајакнува со нова опрема и кадар. Фокус ќе биде ставен на специјалности за кои најчесто  пациентите се препраќаат на скопските клиники.

- Со цел унапредување на работата на одделението за неврологија, во рамки на набавката на нова опрема, предвидуваме нов ЕМГ апарат, кој претставува многу значајна дијагностика за невролошките заболувања. На овој начин, значително ќе се редуцира бројот на упатувања од оваа специјалност кон скопските клиники, пациентите од Куманово и регионот ќе ја добиваат оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење, а воедно сериозно ќе се подобри дијагностиката на невролошки заболувања во оваа општа болница, рече Тодоров.

Специјалист по гастро од скопје два пати неделно ќе доаѓа во општата болница во Кумановои и ќе изведува гастроскопии и колоноскопии. Оваа здравствена установа покрива територија со околу 200.000 жители од североисточна Македонија.