Наскоро стартува одбележувањето на пловните патишта и поставувањето на пловидбените знаци и сигнални направи со што ќе се воспостави ред во водите на Охридското езеро.Компаниите кои се избрани на тендерите деновиве ќе започнат со монтажа на терен и на тој начин сопствениците на пловните објекти кои сакаат да возат со поголема брзина ќе може да се ориентираат во кој дел смеат да се движат а да не ги вознемируваат капачите на плажите и сите оние кои користат спортски реквизити.