MENI

Охридско лето реализираше уште еден концерт за паметење

Синоќа во импозантниот Антички театар повеќе илјадната фестивалска публика имаше единствено и незаборавно музичко доживување со концертот на Маестралниот Стефан Миленковиќ, и виртуозот на хармоника Марко Хатлак со нивниот најнов проект Танго Компас.

И покрај дождот кој непосредно пред концертот не изненади, страсната публика со нетрпение го очекуваше почетокот на овој долго очекуван концерт.

Pages