Најниски трошоци за компаниите за водење бизнис во Европа претставени преку ниските и рамни даноци и погодностите во технолошко – индустриските развојни сектори. Растот на бруто домашниот производ и извозот од зоните, ниското и умерено ниво на надворешен државен долг и стабилна стапка на инфлација.
Ова е само дел од пакетот поволности кои Македонија ги обезбедува за креирање и развој на бизниси и кои премиерот Никола Груевски вчера ги презентираше на бизнис форумот во Колумбус.