На Србија и се заканува опасност од херметичко затворање на границите со Хрватска.
Деблокирањето на границата очигледно не ја деблокираше тензијата меѓу двете земји.Владини извори за хрватски јутарњи лист потврдиле дека ако соседите од Белград не преземат нешто во врска со напливот на мигранти и нивно пропуштање ќе кренат ѕид меѓу нивните држави.
За прв пат хрватската влада потврдува неофицијално дека постои можноста целосно да ги затворат границите. За истата мерка наводно се зборувало и во владата на Вучиќ.