Балкан
27. September 2015 - 17:25

Хрватска се заканува со херметичко затворање на границата со Србија

На Србија и се заканува опасност од херметичко затворање на границите со Хрватска.

Деблокирањето на границата очигледно не ја деблокираше тензијата меѓу двете земји.Владини извори за хрватски јутарњи лист потврдиле  дека ако соседите од Белград не преземат нешто во врска со напливот на мигранти и нивно пропуштање ќе кренат ѕид меѓу нивните држави. 

За прв пат хрватската влада потврдува неофицијално дека постои можноста целосно да ги затворат границите. За истата мерка наводно се зборувало и во владата на Вучиќ.

Медиумите гласно говорат за ставовите на премиерот кој вели дека проблем ќе настане  доколку Хрватска го следи примерот на Унгарија. Во тој случај според српската влада илјадници мигранти кои сега престојуваат 24 часа, ќе останат со недели  на товар на државата се додека не најдат нова рута кон запад.

Хрватите категорични, кризата ќе остане дел од минатото само доколку соседите го ограничат бројот на бегалци кои влегуваат во земјата.ОД 16 септември до сега во Хрватска влегле околу 70 000 мигранти.

 Во меѓувреме унгарската полиција извести од каде се препраќаат мигрантите. Само за еден ден во петокот покренале постапка за  8159 илегални мигранти кои влегле во државата. Во извештајот од унгарското МВР стои дека 256 постапки биле покренати на граничниот премин со Србија, а 7895 на граничниот појас со Хрватска.

Само 3 проценти се однесуваат на бегалците кои доаѓаат од Србија а останатите влегле во државата преку Хрватска.