Отворени сме за можноста за коорекција во функција на подобрување на екстерното тестирање, чија крајна цел ќе биде добивање на квалитет и ќе биде корисен метод и за самите ученици, посочи заменик министерот за образование Спиро Ристовски, во интервјуто за МИА. Крупните промени околу екстерното тестирање имаат за цел подобрување на имплементацијата на процесот, без притоа да се изгуби неговата суштинска намена.