Македонија
2. October 2015 - 16:21

Ристовски за МИА: Ивестициите во образованието за подобри услови

Отворени сме за  можноста за коорекција во функција на подобрување на екстерното тестирање, чија крајна цел ќе биде добивање на квалитет и ќе биде корисен метод и за самите ученици, посочи заменик министерот за образование Спиро Ристовски, во интервјуто за МИА. Крупните промени околу екстерното тестирање имаат за цел подобрување на имплементацијата на процесот, без притоа да се изгуби неговата суштинска намена.

На неговата законска, официјална имплементација, односно стапување во сила, претходеше сериозна подготовка во координација со засегнатите страни, како од аспект на формулација на концептот и начинот на спроведување, така и од технички аспект.

Тој истакна дека досега се изградени 70 нови и реконструирание се 350 основни и средни училишта, сео што се подобрени условите за образование за околу 150000 ученици. За оваа намена се потрошени околу 42 милиони евра, а во тек е реализација на акцискиот план со кој ќе биде заокружена следната 2016 година, а кој предвидува изградба на четири нови објекти и реконструкција на 45 училишни објекти.

Ристовски во интервјуто се осврнал и на инфраструктурните инвестиции во студенстските домови, каде за прв пат по 40 години се изградени комплетно нови смсетувачки капацитети, а студентскиот дом Гоце Делчев за прв пат се реновира во тој обем како сега.   

Основањето пак на филмаската академија во Охрид, според него ќе помогне во создавањето квалитетен кадар, на добро едуцирани студенти кои ќе помогнат во развојот на домашната филмска продукција и во негувањето на македонската филмска уметност, а би придонесувале и воопшто во развојот на глобалната филмска индустрија.