MENI

Скопје се сеќава - Во чест на жртвите од трагичниот земјотрес

И по 52 години сеуште се свежи сеќавањата и болката на скопјани кои во катастрофалниот земјотрес ги загубија своите најблиски. Со солзи во очите тие и денес се навраќаат на кобното утро во далечната 63-та кога ги разбудил силен татнеж и тресење. Земјотресот со интензитет од 6,1 степен според Рихтер, чиј епицентар бил на плоштадот Македонија  за само неколку секунди главниот град го срамнил до темел. Постарите скопјани велат дека секоја секунда за нив била надеж дека нивните најблиски се сеуште живи и некаде евакуирани.

Pages