
Непознато лице утрово во Штип, околу пет часот, на улицата „Славчо Стојменски“, спроти продавницата „Пако Табако“, од патничко возило непозната марка, во движење, испукало пет куршуми и продолжило во непознат правец.
Случајот го пријавила В.К. еден час подоцна со изјава дека проектил од огнено оружје и ги искршил прозорското стакло и ролетната во дневната соба.