Невремето направи големи штети во село Стрезовце
Од вчерашното невреме во кумановската општина Старо Нагоричане најголема штета претпре селото Стрезовце. Градот што паѓал со големина на орев ги уништил земјоделските култури, кровните конструкции на куќите во селото, а оштетени се и возила.
- 20-25 минути интензивно паѓање со величина на орев, се е уништено 100 проценти, невидена работа, на соседот кровот му е уништен, моето возило, катастрофа невидена, ништо не е осигурано, изјави Зоран Ангеловски
62 годишниот Дионис Митревски откако е без работа , живее од земјоделство. Во невремето , покрај другото, тој остана и без 5.000 корени зелка.
- Се што имавме , се е уништено, немаме веќе ништо, зелка , пипер, лозје, ќе бараме помош па ќе видиме дали ќе дадат, 5.000 корени зелка нема ништо од нив, изјави Дионис Митревски, од село Стрезовце
Од општината Старо Нагоричане денеска излегле на терен за да увидат каква штета предизвикало невремето. Потоа Советот на општината ќе одржи седница, а наредните денови на терен ќе излезе и комисија за проценка на штети.
-
Драган Ивановски
Сите содржини од овој новинар
