Подобри политики за рурален развој
„Заедно до подобри политики за рурален развој“ е насловот на денешната средба што ја организира проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население - НРП“, наменета за граѓанските организации од Југоисточниот плански регион кои активно работат на полето на руралниот развој.

Ова е втора од вкупно планираните осум средби кои треба да се одржат во периодот мај/јуни во секој од планските региони на Македонија за да се идентификуваат активните граѓански организации и да добијат можност за размена на искуства и идеи за нивна поголема вклученост во креирањето политики поврзани со руралниот развој.
НРП почна да се спроведува во март годинава, а ќе трае 30 месеци. Целта е да го зајакне влијанието на граѓанското општество врз локалните и националните политики поврзани со руралниот развој, преку зголемување на капацитетот на руралните граѓански организации за вмрежување и застапување. Проектот е финансиран од Европската унија. Го спроведуваат три партнерски организации: Фондацијата за поврзување на природни вредности и луѓе, Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Акција за рурален развој.
Ново на Сител
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
