Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево одбележува 70 години од постоењето

Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево одбележува 70 години од своето постоење.
Седумдецениското работење оваа установа ќе го одбележи вечер со концерт на КУД „Јане Сандански“ кое работи во рамките на установата, а целовечерен концерт ќе има и Ансамблот „Танец“.
Директорот на Домот на културата Страшо Андонов истакна дека овој јубилеј е потврда за континуираната заложба на сите одговорни лица кои биле клучни за да се одржува и надградува културната дејност.
- Ние сме горди што денеска одбележуваме значаен јубилеј. Во овие изминати седум децении не беше лесно, имаше подеми и падови. Но, сепак кога работиш на полето на културата, секогаш имаш некој мотив повеќе да се одржиш, да даваш бидејќи културата е духовна храна, која е и поттик за понатаму, рече Андонов.
Тој се наврати на почетоците на функционирањето на оваа установа.
- Во периодот по војната, во 1946 година во Пехчево прво беа формирани драмската и инструменталната секција, по што се создадоа услови да се формира хорска група, па играорната и од сите нив израсна Домот на културата. Денеска КУД „Јане Сандански“ е вистински амбасадор на македонскиот фолклор, каде членуваат стотина играорци, со кои имаме освојувано многу награди, а посебно внимание привлекува секцијата за модерен танц и вокалните интерпретатори кои на последните настапи во соседна Бугарија ги освои првите награди, рече Андонов.
Тој истакна дека нивни приоритети се дореконструкција на концертната сала, озвучувањето и осветлувањето, средување на плафонот и ѕидовите.
Концертите на КУД „Јане Сандански“ и на „Танец“ ќе се одржат на плоштадот во Пехчево. Концертот на „Танец“ е со поддршка на Министерството за култура и е во рамки на нивната турнеја низ Македонија.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
