Отворен откупно-дистрибутивниот центар за јаболка „Apple Land“

Во индустриската зона „Макази“ кај Ресен денеска е пуштен во употреба новиот откупно-дистрибутивен центар за јаболка „Apple Land“, инвестиција од пет милиони евра со која ќе се отворат 100 нови работни места.
На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ванчо Костадиновски, како и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.
- Ваквата голема инвестиција во оваа област беше одамна исчекувана и вистински потребна за јаболкопроизводителите од преспанскиот регион. Денес таа стана реалност и верувам дека ефектите од неа набрзо ќе бидат почувствувани од страна на производителите. Современиот откупен центар претставува директна инвестиција од пет милиони евра во овоштарството и тој има низа подобности, како што се можноста за откуп, калибрирање и складирање на јаболката користејќи притоа најнови технологии, истакна премиерот Груевски во обраќањето.
Тој изрази надеж дека со ова ќе се ублажи проблемот со откупот со кој во минатото се сочувале преспанските произведувачи на јаболка.
- Можноста да се има откупувач кој има директен пристап до меѓународните пазари има голем потенцијал да донесе поголема стабилност и предвидливост во оваа дејност, нешто што е од особено значење за понатамошниот раст и развој на производството на јаболка во преспанскиот регион, рече Груевски.
Тој нагласи дека индустриската зона Макази е целосно подготвена и за други инвеститори кои се заинтересирани да го прошират својот бизнис.
- За таа цел Владата вложи 11 милиони денари во изградбата на пат во должина од околу 850 метри кој води од месноста Макази до центарот на зоната, а во тек се и градежните работи на патот Битола – Ресен – превој Буково со што ќе го подобриме пристапот и поврзаноста на целиот регион. Ваквите мерки значат подобрување на атрактивноста на зоната што се надевам дека ќе донесе и други нови инвестиции, а со тоа и нови работни места, рече Груевски.
Сопственикот на компанијата Абдошамак Насер истакна дека неговите планови во Македонија не завршуваат со овој проект.
- Годинава ќе почнеме и со една фарма во која ќе имаме илјада крави, а сточарите ќе ги обучуваме во Австрија. Вториот проект ни е за извоз на цреши од Охрид за Дубаи. Овој објект планираме континуирано да го прошируваме и инвестираме во него.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
