Стогодишнина од раѓањето на Џон Кенеди
САД денеска ја одбележуваат стогодишнината од раѓањето на Џон Фицџералд Кенеди, 35-тиот претседател на земјата.
Свеченостите ќе се одржат во „Претседателската библиотека и музеј на Џон Ф. Кенеди“ во Бостон, каде што ќе биде отворена изложбата со наслов „Џ.Ф.К. 100 - Настани и спомени".
На неа ќе бидат изложени експонати од детството и младоста на Кенеди, знамето на торпедната единица, чиј командант бил тој во Втората светска војна, потоа неговата фотелја од Белата куќа, како и документи од периодот на Кубанската криза и факсимили од негови говори.
По повод јубилејот, Федералната поштенска служба пушти во промет и марка со ликот на Кенеди.
Џон Ф. Кенеди е роден на 29 мај 1917, во Бруклајн, Mасачусетс. По завршувањето на Универзитетот во Харвард, во 1941 пристапува во Морнарицата на САД како резервист, но потоа напредува до командант на торпедна единица во Тихиот Океан и е одликуван со неколку медали.
По Војната е избран за сенатор на Демократската партија од Масачусетс. На претседателските избори во 1960 го победува републиканецот Ричард Никсон и на 43 години стана најмладиот претседател на САД во историјата.
На 22 ноември 1963 Џон Кенеди беше убиен со снајпер при посетата на Далас во Тексас. Официлајната истрага заклучи дека единствениот одговорен за атентатот е поранешниот маринец Ли Харви Освалд.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани