„Ничија земја“ - нова премиера на МНТ

Во Македонскиот народен театар во завршна фаза се подготовките за претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов од Бугарија, кој минатата година во МНТ ја постави и претставата „Животот е прекрасен“.
Претставата „Ничија земја“ е работена по сценариото за истоимениот филм на Данис Тановиќ за војната во поранешна Југославија, награден со Оскар во 2001 година. Премиерно ќе биде изведена во МНТ идната сабота, 3 јуни.
- Таа е сатира против војната и медиумите кои се подигруваат за сензација и рејтинг, во свет измачуван од тероризам и војни, соопшти МНТ во најавата за новата премиера со која ќе биде отворен годинашниот МНТ Фест.
Во претставата ќе играат: Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Миќиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гијева, Филип Миленкоски, Александар Иваноски, Марија Кондовска и Томе Станковски.
Ново на Сител
-

Светот ја испраќа старата година, новата 2026 први ќе ја пречекаат Кирибати, а последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
-

Сончево и студено
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
