Тереза Меј бара од интернет компаниите да ги отстранат сите екстремистички прилози

Британскиот премиер Тереза Меј бара од светските лидери да се интензивира притисокот врз интернет компаниите за да трајно се елиминираат сите екстремни и екстремистички материјали и прилози на интернет мрежата.
На Самитот на групата Г7 ,што се одржува во Таормина, на Сицилија во Италија, Меј има воведно излагање посветено на тероризмот и на антитерористичката борба и во него британскиот премиер инсистира дека заканата од џихадистите од Исламска држава (ИД) е значително засилена поради „бојното поле“, создадено на интернет.
Во своето излагање, чии делови пренесуваат лондонските медиуми, Меј ги обвинува хај-тек компаниите за тоа дека ништо немаат направено за да се отстранат опасните и штетни, провокативните и екстермистичките прилози.
- Интернет гигантите, како Фејсбук, Твитер и Гугл имаат обврска кон општеството, за да направат повеќе за отстранување од мрежата на материјалите кои промовираат и величаат омраза, насилство и тероризам, вели Меј во своето барање до лидерите од светот, собрани на годинешниов Самит на Г7.
Претставник на Даунинг стрит 10 во Лондон, изјави денеска дека Меј сака да ги охрабри интернет компаниите да создадат алатки кои автоматски ќе ги препознаат и ќе ги елиминираат сите штетни и опасни прилози.
Во алатките што ги заговара, таа смета дека треба да се најде и можноста сите на интернет постирани разни екстремни содржини, да биде целосно блокирани и недостапни.
Официјалното објаснување за ставовите на британскиот премиер, покажува дека Лондон, по првпат, на највисоко ниво и на еден ваков собир ја истакнува интернет безбедноста како најважниот дел од борбата со меѓународниот тероризам.
Меј, која е во екот на предизборната кампања за предвремените избор, за две недели, предупредува дека не само што и натаму на инернет циркулираат слободно и без никакво ограничување, насилството, омразата на разна основа и екстремизмот, туку се уште може да се научи како да се произведе експлозивна направа во домашни услови, или како да се создаде и намонтира елек за бомбаши самоубијци.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
