Револуционерни песни и фадо на ОФФест
На ОФФест вечер во Македонскиот народен театар настапуваат „Бела Чао“ и Жизела Жоао од Португалија.
Неколкуте познати пејачки ѕвезди од Италија, членови на „Бела Чао“, ќе изведат дел од циклусот антифашистички, револуционери, слободумни песни од 1960-тите. Новиот, поинаков, иновативен аранжман е на хармоникашот Рикардо Теси, еден од најбрилијантните протагонисти на традиционалната музика во Италија. Во составот покрај Теси се и гитаристот Маурицио Гери, перкусионистот Џиџи Бјолкати, како и солистите Лучија Галеаци, Луиза Котифољи, Елена Леда и Алесио Лега.
Преку пораките за мир и граѓанско општество, песните од циклусот Бела Чао, не само што ја задржале својата нагласена моќ, туку во себе носат и нов императив во глобализираниот свет.
По „Бела Чао“ е концертот на Жизела Жоао, вокалистката со страстен глас, една од најважните интерпретатори на фадото денес.
Жоао го објави деби албумот во 2013 година, а нејзиното последно издание „Nua“ беше во 2016-та. Од тивка меланхолија, еруптивен и суров климакс, таа создава драма, возбудливо и застрашувачко емотивно патешествие.
Утре фестивалот се сели во Младинскиот културен центар, каде што во Денсинг салата ќе настапи виолинистката и пејачка од Естонија Марја Нут, а по неа е настапот на корејската група „Блек Стринг“ која негува спој на традиционална и современа музика со типични корејски инструменти, како геомунго и бамбусови флејти.
Саботната вечер ќе заврши со полноќен концерт во клубот „Станица 26“ на познатото диџејско дуо „Ден Сорте Сколе“ од Данска.
ОФФест почна синоќа, со соло-настап на Дамир Имамовиќ од Босна, најпознатиот изведувач на севдах кој е и интернационално афирмиран, а по него македонскиот етносостав „Љубојна“ го промовираше новиот, деветти албум „Радио Љубојна“.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер