Промовирана „Мојата македонска приказна“ од Ацо Станкоски
Книгата „Мојата македонска приказна“ од академскиот сликар и публицист Ацо Станкоски во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“ денеска беше промовирана во Скопје.
Еден од промоторите, амбасадорот Ристо Никовски истакна дека делото Станкоски претставува колаж на автобиографија, филозофски медитации, историја, уметност, односно хронологија од настани кои се случиле од антиката се до нашата денешна долга криза, при што, како што нагласи, доминира македонизмот. Тој при тоа му оддава признание на авторот за неговата доследност во перцепциите и уверувањата за континуираниот пристап и проценки кои соодветно ги документира, а се осврна и на неговите согледби за кризата во државата и за ризиците од неа.
- Во клучните години на 1990-те ВМРО-ДПМНЕ најавуваше конгрес во Солун, додека Глигоров не возврати на грчката блокада на нашата јужна граница. Тоа беа сериозни историски грешки, сепак, во секој случај, вината за сите наши голготи сите овие 25 години не е ниту кај Глигоров, ниту кај Црвенковски, ниту кај Ѓеоргиевски, ниту кај Груевски, туку е во Вашингтон. Нашите грешки не смееме да ги потценуваме, но од таму доаѓа најголемата опасност за Македонија, не од Грција. Нашата земја не се вклопува во амриканските планови и визии за Балканот и со нивни менаџмент ни се случија и рефернцата во ОН со која нелегално ни го суспендираа уставното име и Времената спогодба, и војната 2001-та и Охридскиот договор со кој целосно се рекомпонира државата по американски терк, а во интерес на Албанците, и Пржино и СЈО и тиранската платформа. Впрочем немаше друга сила која тоа може да ни го наметне освен САД. Станковски одлично ја соголува клучната улога на западниот фактор во уништувањето на Македонија. Меѓутоа, ние немаме опција за вртење кон Русија или Кина, два колоса на меѓународната сцена кои едноставно не се заинтересирани за нас, вели Никовски.
Според него, Станковски со право констатира и дека какво било обединување на балканските држави е илузија.
За новинарот и колумнист Мирка Велиновска книгата е особено значајна бидејќи е запис на автентичен критички осврт, втемелен на познавање на филозофската мисла и на историјата и според изборот на темите ја доживува како самостојна ликовна изложба, но, вели, составена од слики од зборови, а клучниот збор е, вели, Македонија.
- Еден збор кој симболизира се за нас е зборот Македонија и се што тој го напишал е директно врзано со тој еден збор кој предизвикува толку многу асоцијациии во толку многу области, во толку многу периоди што вие фактички гледате уште колку многу луѓе како Ацо и идни ќе создаваат дела инспирирани од тој еден магиски збор, кој за нас значи опстанок, постоење, а за тие околу нас значи загроза... За жал, голем дел од светот има проблем со постоењето на Македонија, вели Велиновска и посочи меѓу другото дека Станковски е еден од оние кои уште од почетокот се сомневаше дека ЕУ е проект во која треба да влеземе.
За авторот Станковски „оазата на мирот“ на Глигоров е вистинскиот правец во кој треба да се движи Македонија или „Швајцарија на Балканите“ на Ванчо Михаилов, но вели со македонска нација и унитарна држава.
- За Македонија оазата на мирот, еквидистанцата или Швајцарија на Балканите е една добра позиција на неутралност. Прво би го растеретила Балканот со една тампон зона, која би била неутрална, од друга страна самите ние би избегнале да бидеме проголтани од тие големи системи како ЕУ и НАТО, пред се НАТО кој од етички аспект е злосторничка организација, а ЕУ е една административна бескрајно заморна организација, која како и СФРЈ пропадна, се предвидува едно такво пропаѓање, вели Станкоски.
„Мојата македонска приказна“ ја издаде Првата независна издавачка куќа во Македонија - „Ѓурѓа“, која оваа година одбележува 30 години постоење, како прв наслов во новата едиција „Мацедонише цуштенде“ (Македонски состојби
Ново на Сител
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
-
Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени