-->
-->
Промовиран проектот „ Спортот и семејните вредности“.
-->

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортските федерации и Општина Охрид, во спортската сала на ОУ „ Григор Прличев“ беше промовиран проектот „ Спортот и семејните вредности“.
По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани, Кратово и Македонски Брод и Берово Охрид е општината во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот.
Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.
Спортската сала во Охрид беше премала да ги собере дечињата, кои заедно со нивните родители кои овојпат беа најмасовно организирани другаруваа и се натпреваруваа во штафета со топка,подавање под нозе и со глава, фудбал и ракомет, штафетно пресоблекување дрес и шутирање топка на мали голчиња.
Настанот го отвори претседателот на Сојуз на спортски федерации Наташа Илиевска Јордановска кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.
- Веруваме дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта, а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата, изрази Илиевска.
Тони Симоновски како претставник на локалната самоуправа од Охрид беше задоволен од одзивот на деца и родители на овој промотивен настан.
Семејниот спорт и рекреација, според организаторите на проектот, имаат многу предности,меѓу кои најважно е позитивното влијание на детското здравје, односно здравјето на целото семејство,развој на општите способности кај децата и емотивното задоволство и опуштање на родителите од постојаниот секојдневен притисок. Преку овој проект, почнува процес кој ќе помогне за подигнување на јавната свест за значењето на спортот и рекреацијата, како здрави животни навики и стил на живеење. Повеќе од 140 деца по завршувањето на настанот добија подароци топки, стегачи и др.спортски реквизити.
Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш.
Овој настан ќе продолжи да се имплементира и во останатите општини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
-

Од Маџари до центарот на Скопје за пет минути: тест-турата ја покажа предноста на градскиот воз
-

ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб
-

Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран
-

Алиу: Коцкањето е зависност – превенцијата е најефективна за заштита на младите
-

Во поштенски пратки пронајдена дрога, кривична пријава ќе биде поднесена против едно лице
