Громови без престан удираат - две куќи целосно изгореа
Во средата навечер настрада домаќинството на Богомир Луковиќ, од селото Глечица, а во петокот околу 19 часот и куќата на Радислав Миличевиќ од Ѓурѓева гора.
На подрачјето на Иваничка општина, за пет дена, изгореа 2 куќи.
Гасејќи го пожарот со изгоеници по лицето, се здобил домаќинот Миличевиќ, за кои вели дека не е ништо страшно и дека се би направил за да спречи поголема штета.
- Седевме во новата куќа и слушнавме дека нешто пукна, погледнав од прозорецот и видов дека гори покривот на една дрвена куќа, од која на метар од неа е шума и нова куќа, сушара а во објектот кој гореше, буре со нафта, ракија и којзнае уште што друго. Не размислував многу, и веднаш почнав да истурам вода за да спречам пожарот да се прошири, дојдоа и други соседи и сипувавме вода за да го локализираме пожарот, да не се прошири. Беше јасно дека самиот објект ќе изгори, но барем да не зафати ништо друго- раскажува Радислав.
И порано имало невреме и полошо од ова, но никогаш не се случило гром да удри. Ова е просто неверојатно, се се случи во рок од неколку секунди и огромен пламен изби на покривот од куќата, а нема електрична инсталација, па тоа да биде причина за пожарот. Се изгоре па дури и кошниците со пчели, но ме теши тоа што никој не е повреден - раскажува Радислав.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје