Иванов во Москва ќе ја прими наградата „Алексеј Втори“, ќе се сретне со Путин и патријархот Кирил
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Руската Федерација.
Претседателот Иванов е одликуван со наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори" за 2016 година, што ќе му биде врачена од Патријархот на Руската православна црква, Кирил на свечена церемонија која ќе се одржи денеска во храмот „Христос Спасител" во Москва.
Престижната меѓународна награда која му се доделува на претседателот Иванов претставува признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција. Наградата ја доделува Меѓународната општествена Фондација за единство на православните народи, за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството. Носители на наградата за 2016 година, покрај претседателот Иванов, се и поглаварот на Коптската црква, Патријархот Тавардос Втори и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Иванов денеска ќе оствари средби со Патријархот на Руската православна црква, Кирил и со епископ Тихон, Викар на Патријархот московски и на цела Русија. Македонскиот претседател ќе присуствува и на Божествената литургија во храмот „Христос Спасител“ во Москва.
Утре претседателот Иванов ќе има средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени