-->
-->
Газдата на Олимпијакос го купи Н.Форест
-->
Сопственикот на бродови и бизнисмен, Гркот Вангелис Маринакис, кој е сопственик на Олимпијакос, на чело на Нотингем Форест ќе го наследи Фаваз Ал Хасави од Кувајт, кој изминатите пет години управуваше со клубот.
Инаку, Маринакис успеа да го преземе Нотингем Форест откако на почетокот на годината еден американски конзорциум не успеа да стане сопственик на акциите на клубот.
Бизнисменот е контроверзна личност бидејќи против него се водеа или сè уште се водат повеќе судски постапки, кои вклучуваат и обвиненија за „местење“ натпревари.
Маринакис во 2010 година го купи Олимпијакос и во наредните седум години овој клуб освои исто толку титули во грчкиот шампионат. Познат е како човек со „краток фитил“ и конфликтна личност, човек кој лесно им врачува отказ на тренерите.
Тој во Нотингем Форест ќе се обиде да го ископира успехот на Олимпијакос.
„Ние сакаме да ги вратиме славните денови на Нотингем Форест, кој е еден од најстарите англиски клубови, со славна историја“, рекол Маринакис.
Нотингем Форест во 1979 и 1980 година го освои тогашниот Куп на европските шампиони, но повеќе од три децении клубот нема забележано позначаен резултат. Во моментов клубот се натпреварува во Чемпионшип дивизијата (Втора лига на Англија), а сезоната ја заврши на 21. место и само поради подобрата гол разлика од Блекбурн избегна селидба во понизок ранг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога