Донирајте сперма и добијте нов ајФон, еве каде

Еплманија ги зарази Кинезите. Тие се целосно опседнати со новите ајФони 6ѕ и 6ѕ Плус, а за да го купат би направиле буквално се. Двајца пријатели се обиделе да продадат бубрег за да си купат нови ајФони, а сега болниците ширум земјата одлучија на секој што ќе донира сперма да му подарат пари за купување на нов ајФон.
Неколку болници во Шангај тргнаа во рекламна кампања, а некои од слоганите гласат: Нема потреба да продадете бубрег, лесно се доаѓа до ајФон 6Ѕ.
Болницата нуди 945 долари за секои 17 мл сперма, што е доволно пари да се купи iPhone 6S од 16 GB. Меѓутоа не може секој да донира сперма. Неопходно е мажто да биде повисок од 165 сантиметри, да нема никакви наследни болести и да е доволно плоден. Исто така, 48 дена се минимален период кој мора да помине меѓу две донирања на сперма.
Ново на Сител
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
-

На Попова Шапка утринава се измерени 64 сантиметри снег
