Почнува 17. „Прозорец кон италијанскиот филм“

Со филмот-драма од 2014 година „Акабадора“ во режија на Енрико Пау, вечер во Кинотеката на Македонија ќе почне 17-тиот фестивал „Прозорец кон италијанскиот филм“.
Вовед во ревијата филмови, која е организирана во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија, ќе има Алфонсо Амендола, професор на Универзитетот во Салерно.
Фестивалот ќе трае до 23 мај до кога ќе бидат прикажани уште пет филма од новата италијанска кинематографија. Утревечер на програмата е комедијата „Простете што постојам“ на Рикардо Милани од 2014, а во петок трилерот „Со затворени очи“ на Џузепе Петито од 2015 година.
Во сабота ќе биде прикажана комедијата од 2013-та „Споулавен од жени“ на Фаусто Бризи за кој преводот е изготвен од студенти од Преведувачката работилница при Катедрата за италијански јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ под менторство на проф. Радица Никодиновска.
На 22 мај публиката ќе има можност да го види документарниот филм од минатата година „Никој нема да ме пронајде“ на Егидио Еронико, а годинашниот „Прозорец на италијанскиот филм“ ќе заврши на 23 мај со црната комедија „Виновгрев“ на Фердинандо Вичентини Орњани снимена во 2014 година.
Филмовите се со превод на македонски јазик, а проекциите почнуваат од 20 часот.
Ново на Сител
-

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите
-

Приведени четири возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди
-

Пиштол пронајден во „шкода“ на територија на Кисела Вода, приведен 37-годишен скопјанец | ФОТО
-

Куманово: Во 1 по полноќ влегле во кафана бидејќи сакале да пијат алкохол, газдата не им дозволил па го истепале
-

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
-

Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
