Србов: За сите оние кои мислат дека Груевски попуштил, тој стана синоним на отпорот кон надворешните сили
Груевски попуштил? Кажете ми, кој друг шеф на политичка партија во Европа пружил повеќе отпор бранејќи ги државните и националните интереси на својата земја, притоа изложувајќи се лично на огромен ризик?, пишува на својот ФБ профил политичкиот аналитичар и историчар, Никола Србов.
-Македонија, земја од два милиони жители, под водство на Груевски стана синоним на отпорот против надворешните притисоци. Груевски даде отпор и цела деценија ја бранеше државата од операцијата на меѓународната заедница да се промени власта со цел да се промени државниот систем и уредување, со крајна цел да се промени името и да се обезличи Македонија. Цело време се говори за народ. Колку народ имаше пред Парламентот на 27 април? 3 до 4 илјади патриоти. И колку од нив влегоа во собранието…Тоа ли е целиот народ? Каде беа другите? Дома, пред телевизор, на интернет. Време е да се биде реален, да се погледне на вистината в очи и да се биде самокритичен. За сите кои шират разногласие дека Груевски попуштил: Груевски не само што не попушти, тој остана исправен докрај, а ве уверувам и дека е спремен да остане на браникот на интересите на Македонија и македонските граѓани, пишува Србов.
Ново на Сител
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
-

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
-

Генералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
