Хан: Крајно време да се помогне во решавање на мигрантската криза

Тим од Европската комисија заедно со експерти од Македонија од понеделник ќе ги проценуваат и утврдуваат потребите од опрема, човечки ресурси и финансиска помош што ќе им биде потребна на властите за справување со мигранстката криза на јужната граница.
Ова денеска го најави еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан при посетата на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија, заедно со министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски и евроамбасадорот Аиво Орав.
Хан е задовлен од начинот на кој Македонија се справува со мигрантската криза и вели дека е крајно време да се помогне во решавањето на ситуацијата.
- Ќе и помогнеме и на вашата земја да излезе на крај од ситуацијата. Како што веќе бев информиран на дневна база се примаат околу 6.000 бегалци, во просек. Мислам дека ова е предизвик за вашата земја, како и за другите земји, така што би било добро сите да изнајдат решение на ова прашање, изјави Хан.
Нагласи дека увидел оти успешно се справуваме со ситуацијата со бегалците и изрази благодарност до властите.
- Европската унија е заинтересирана да му помогне на системот на вашата земја за да се справи со оваа ситуација. Токму поради таа причина веќе во понеделник ќе дојде тим од Европската комисија кој заедно со експерти од вашата земја ќе ја направат вистинската проценка се со цел да ги идентификуваат потребите, опремата, човечките ресурси и финансиската помош која што ќе им биде потребна на вашите власти да се справат со оваа ситуација, рече Хан.
Се разбира, додаде, од друга страна, претставува и задача за нас земјите-членки да ги зајакнеме нашите надворешни граници и исто така е многу важно и за другите земји од регионот да е справат со оваа ситуација.
- Минатата недела предложив пренамена на финансиските средства од Турција да биде за регионот. Се работи за сума од 1,5 милијарди долари за да може регионот да се справи со овој предизвик и да можат луѓето кои доаѓаат тука со оваа помош или да останат тука или да се вратат во нивните земји, затоа што луѓето секогаш се разбира дека преферираат да се враќаат во нивните земји на потекло. Тоа би претставувала добра шанса за нив, потенцира Хан.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
