-->
-->
ЛШ - жени: „Вардарки“ се изборија за финалето во Будимпешта
-->

Ракометарките на ЖРК Вардар се пласираа во финалето на Лигата на шампионите оваа сезона откако во полуфиналето на завршниот турнир во Будимпешта го совладаа европскиот првак Букурешт 38:33 (21:13). Ова за „вардарки“ беше четврто полуфинале и за првпат победија и се изборија за финалето кое утре го играат против унгарската екипа Ѓер, која со 26:20 го победија тимот на Будуќност. Почетокот на финалето е во 17:45 часот.
ЖРК Вардар фуриозно го почна дуелот и од самиот почеток македонскиот првак имаше водство кое го зголемуваше. Во финишот на првиот дел Вардар го имаше највисокото водство со 20:9. Во вториот дел Букурешт се обидуваше да намали, но не успеаваше. Вардар имаше водство од 31:21 со што беше најавена победата.
Најефикасни кај Вардар беа Андреа Пенезиќ и Јованка Радичевиќ со по 7 голови, а Андреа Лекиќ постигна 6. Одлична на голот во првиот дел беше Амадин Лејно, додека Ина Суслина одбрани три седмерци во серија во првиот дел.
Со оваа победа Вардар им се реваншираше на ракометарките на Букурешт за ланскиот пораз од 27:21, а претходните две полуфиналниња Вардар загуби од Будуќност (17:27 и 20:22).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
