Швајцарскиот „шпион“ во Германија имал „свиркач“ во германско министерство
Германската истрага, отворена за швајцарскиот „шпион“ уапсен минатиот петок, во еден хотел во Франкфурт, тврди дека тој имал свој „свиркач“ во германска владина институција, откриваат домашните медиуми.
Швајцарецот беше уапсен, обвинет дека шпионирал за швајцарската разузнавачка агенција, околу тоа како работи германската даночна управа, во настојувањето да ги открие и казни германските државјани кои не плаќаат данок во Германија.
Медиумите тврдат дека „свиркачот“ работел во Министерството за финансии на германската сојузна држава Северна Рајна Вестфалија.
Истрагата сега верува дека „свиркачот“ чиј идентитет засега не се открива, му ги предавал на швајцарскиот шпион, имињата на германските оперативци во даночната управа кои се вклучени во ловењето на оние кои не плаќаат данок, префрлајќи пари и фирми на сметки во странски банки.
Германските власти тврдат дека зад целата оваа операција стои швајцарската Федерална разузнавалка агенција (ФИС) чиј директор комуницирал директно со уапсениот оперативец во Франкфурт.
Целиот случај стана познат во јавноста на овие две земји, кога се откри дека владата на Северна Рајна Вестфалија платила „милиони евра“ на еден швајцарски „свиркач“ за да им обезбеди ЦД со податоци за тајните сметки на Германци , во една швајцарска банка.
Тоа веќе предизвика силно несогласување меѓу владите на Швајцарија и на Германија.
Швајцарците остро приговараат дека е „погрешно“ да се плаќа и да се купуваат „украдени податоци“. додека германската страна се брани постапката, со објаснувањето дека на тој начин се помага борбата против оние кои избегуваат да плаќаат данок.
Откритието за присуство на „свиркач“ во германското регионално министерство за финансии, во Берлин се оценува како нов момент во целата шпионса афера, па федералната влада и официјално протестирала во Берн, барајќи „објаснување од Швајцарија„ за директното вклучување на ФИС во шпионирањето.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба
-
Македонските ракометари поразени во Литванија
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец