Партијата Мост поднесе барање за распуштање на Хрватскиот сабор

Пратеничката група на Мост доцна синоќа поднесе барање за распуштање на Хрватскиот сабор, а генералниот секретар на партијата Никола Грмоја изјави дека предлог одлуката може да биде брзо повлечена доколку се покаже дека постои парламентарно мнозинство.
Тој додаде дека е очевидно оти нема парламентарно мнозинство, а премиерот ја дестабилизира земјата, ја урна владата и нема поддршка во Хрватскиот сабор.
- Ако нема мнозинство во Саборот ние ќе одиме со тој предлог со што се ќе покаже кои пратеници ги чуваат своите места во Хрватскиот сабор и дали е вистина тврдењето дека е веќе договорена соработка по локалните избори на ХДЗ со ХНС и ИДС, истакна Грмоја.
Генералниот секретар на Мост смета дека агонијата околу владината криза не треба да се продлабочува, а одржување нови избори се најчесно решение.
Ново на Сител
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
