ЕП: Слободата на медиумите на Западен Балкан не е целосна

Слободата на медиумите на Западен Балкан не е целосна бидејќи државите во тој регион се соочени со политизација, проблеми во спроведување на законите и заплашување новинари, со пораст на автоцензура, се вели во извештај на истражувачки центар на Европскиот парламент.
Во овогодишниот извештај со наслов „Западен Балкан:тендови на слобода на медиуми“, се наведува дека автоцензурата е предизвикана како со суптилни така и со отворени влијанија, дека квалитетното новинарство е отежнато и дека се фаворизира „таблоидизација“.
Заплашувањето новинари е оценето како распространето, а се укажува и на проблеми со неказнивост на напади врз новинари.
– ЕП осудува политички притисок и широко распространета автоцензура, ги повикува државите да создадат безбедно медиумско окружување погодно за објективно и точно известување, и повикува на ефикасен судски систем, се вели во извештајот објавен пред Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај.
ЕП потсетува дека слободата на медиумите е основна вредност на ЕУ и темел на демократијата и претставува приоритет за проширување.
Според нив, државите кандидати и понатаму се соочуваат со „системски недостатоци кои бараат долгорочни и континуирани напори“ кои во изминатите години се во застој што предизвика ситуација во која „нема напредок“.
Во извештајот пишува и дека недостигот од транспарентност и сопствеништво над медиуми како извори на финансирање и понатаму претставуваат проблем.
Истражувачкиот центар на ЕП наведува дека во Србија е нејасна сопственичката структура на медиумите и државното финансирање особено на локално ниво, дека во БиХ најголем број медиуми не откриваат информации за своите финансии и вистинска сопственост, а во Македонија дел од телевизиите се во сопственост на поединци кои се наводно поврзани со владата.
– Мешавината на ниски примања кои се исплаќаат доцна, слаба сигурност на работата, работа без договор или со лесно раскинливи договори претставува директен облик на притисок што поттикнува автоцензура, отежнува независност, квалитетно новинарство и фаворизира „таблоизација“. Синдикатите на новинари и законите за работа се од клучно значење за ублажување на тие проблеми, се вели во извештајот.
Ново на Сител
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
