Борис Џонсон: Британија би можела да ја бомбардира Сирија и без дозвола на Парламентот

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека Британија би можела да и се приклучи на САД против „сирискиот режим“, без претходно да побара и да добие дозвола од Парламентот во Лондон.
- Би било многу тешко да му се рече „не“ на претседателот Доналд Трамп доколку побара од Британија да се вклучи во акција против Башар ал Асад, ако тој одново изврши напад со хемиско оружје, истакна Џонсон.
Во разговор за радио Би-Би-Си, тој рече дека Британија не може одново да постапи како и пред четири години, кога пратениците во Долниот дом го одбија барањето на тогашната влада на Дејвид Камерон.
Во 2013 година, владата не доби „зелено светло“ за учество во планираниот напад, заедно со Американците врз Сирија, во операција што беше разбрана како акција за соборување на Асад од власт, онака како што две години пред тоа, беше тргнат од власта либискиот водач Моамер Гадафи.
„Доколку Асад одново употреби хемиско оружје, кое е забрането безмалку пред сто години, а САД се подготвени за напад и побараат Британија да им се приклучи, не ќе може да се одбие таквото барање, оцени министерот Џонсон.
На 6 април, САД извршија ракетен напад врз еден сириски воен аеродром како „казна“ за хемискиот напад врз град под контрола на сириските бунтовници, во провинцијата Идлиб.
Западот без исклучок, за нападот ги обвинува сириските воени сили и владата на Асад во Дамаск.
Изјавата на Џонсон дека владата би можела да го заобиколи Парламентот и да се вклучи со Американците во напад врз Сирија, остро е критикувано од опозициските лабуристи и либералдемократи.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
