Призна пред судот – Зоран договарал секс само 34 дена после смртта на Јелена!

Зоран Марјановиќ, маж на свирепо убиената пејачка Јелена Марјановиќ, признал во Вишиот суд во Белград дека договарал секс нешто повеќе од месец дена по брутално убиство на сопругата.
Имено тој на судот му признал дека на медицинската сестра од Виена Рада Матиќ (35) и праќал перверзни пораки во кои ја повикувал на секс и дека тоа го правел само 34 дена после смртта на сопругата.
Зоран објаснил дека со Рада се допишувал и отворено флертувал, како би ја ублажил болката поради смртта на Јелена.
- Признавам дека се допишував со таа жена, но не верувам дека би дошло до секс, бидејќи за мене тоа беше само убивање на време во таа беззилезна ситуација и начин да ја ублажам болката после убиството на Јелена – рекол Зоран Марјановиќ и ја потврдил автентичноста на сите пораки во неговата преписка со Рада Матиќ.

Коментирајќи ги тврдењата на Зоран, Рада Матиќ од Виена, рекла дека е шокирана што некој после смртта на сопругата утеха барал во неа, наместо во својата ќерка која останала без мајка.
-Тврдам дека тој никогаш не ја сакал Јелена, бидејќи луѓето како него се сакаат само себеси. Впрочем таа куќа е полна со чудни луѓе, а покојната Јелена ја сакала само нејзината ќерка Јана – додала Рада.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
