Ја затекнал девојката во кревет со друг маж и направил нешто поради кое сите му аплаудираат!
Дастон Халовеј од Тексас дошол една вечер дома и во својот кревет покрај својата девојка пронашол гол непознат маж. Голем дел од луѓето веќе во тој момент би започнале жестока расправија која најверојатно би завршила со тепачка, но тој решил да направи нешто друго.
Тој ја фотографирал својата девојка која спиела во креветот покрај непознатиот маж, па дури направил и селфи со нив, пишува Деили Меил.
- Она кога ќе дојдете дома и во креветот покрај личноста која ја сакате ќе затекнете непознат човек. Добар маж заслужува добра жена - напишал Дастон на својот фејсбук профил, откако објавил фотографија од својата девојка и непознатиот маж.
Покрај самата порака, Дастон ставил и смајли.
Објавената фотографија за кратко станала хит на социјалните мрежи, а подршка за Дастон стигала од целиот свет. Луѓето му честитале на тоа што е смирен и кул.
Тој признал дека во еден момент сакал да го претепа непознатиот маж, но тогаш се решил да ја разбуди својата девојка и сфатил дека била мртва пијана.
- Сакав да ја прашам дали јас ќе спијам во гостинската соба и што сака непознатиот маж за појадок - додава тој.
Поради своите постапки, на социјалните мрежи луѓето почнале да му нудат помош за пронаоѓање на нова девојка, а исто и му честитале поради тоа што е голем човек.
- Добив илјадници пораки од различни луѓе ширум светот кои ми честитаа за тоа дека сум испаднал голем човек и едноставно сум заминал - напишал Дастон на својот Фејсбук профил.
Тој додал дека помислил дека целиот свет му се срушил кога ја затекнал девојката во креветот со други, но и дека по илјадници убави пораки од непознати луѓе сфатил дека светот не е толку лошо место како што мислиме.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување