-->
-->
ВРКЛ: Ракометарките на Вардар обезбедија прво финале
-->
Вардар и пред почетокот на натпреварот беше апсолутен фаворит, и за очекување беше не само триумф туку и убедлива победа. За Вардар ова е првпат вардарки да играат во финалето на ВРХЛ лигата, дури и во претходните изданија пред неколку сезони. Еднаш бевме петтопласирани, еднаш седмопласирани.
Уште на самиот почеток од натпреварот Вардар поведе со 4-0, што беше знак дека тренерот на Подравка, Горан Мрѓен мора да побара тајм аут да подели совети. Вардарки продолжија со добрата игра во одбран, а она што помина низ нивните раце го одбрани Мајса Песоа.
Првиот гол Подравка го постига Маријета Видата во 4 минута по што следуваше пауза од 11 минути во кои вардарки нанижаа серија со која веќе имаа солидно водство од 10-3 во 15 минута, а потоа и со 11-3 со голот на Александра Лакрабер од пенал.
Во стилот на машките колеги Јованка Радичевиќ и Камила Херем постигнаа цепелин со кој Вардар поведе со 8-2 во 12 минута. Не дека не беше доволно квалитетен ривал тимот на Подравка, но „црвено-црните" девојки покажаа завидно залагање и пред сѐ цврста одбрана која резултираше и со правење на посериозна предност уште на самиот почеток на натпреварот.
Почетната бековска тројка беше Лакрабер - Лекиќ - Пенезиќ, но откако се виде дека лесно ќе се справиме, дојдоа и смените, па шанса добија и Дамњановиќ, Хмирова, Лазовиќ, Ристовска, Мавсар, Алтхаус.
Тоа беше и можност да се испробаат многу различни варијанти и комбинации во играта, па шанса добиваа сите од клупата. И покрај водството од седум голови (12-5), а откако почувствува дека почнува да паѓа темпото на игра и концентрацијата тренерот на Вардар, Ирина Дибирова побара тајм аут сакајќи да се задржи високото ниво на игра.
Гостинските намалија во еден момент на 13-8 во 29 минута, и таа разлика од пет гола се задржа и на полувреме.
Подравка на почетокот на вториот дел постигна гол за намалување на 14-10, а потоа и 16-11 по што следуваше наша нова серија и во во 39 минута Вардар повторно имаше „плус 8", за 20-12 предност што беше највисока дотогаш на натпреварот. По една пресечена топка, Камила Херем во контра зголемува на 21-12 во 43 минута, иако во тие моменти Вардар играше со играч помалку по исклучувањето на Кликовац.
Токму Црногорката ја „раситни десетката" и во 49 минута зголемува на 24-14 за Вардар, а потоа и Андреа Пенезиќ првпат ја надминува ова аграница со гол за водство 25-14.
Немаше друго решение Подравка освен да побара нивниот тренер тајм аут и да се обиде да ја сопре нашата добра серија. Но, во тоа тешко успеваа, па Татјана Хмирова ја продолжи гол серијата за водство 26-14.
До крај беше само рутина, а Вардар ја задржа двоцифрената предност, триумфирајќи со 29-16.
Утре во финалето на Ф4 турнирот од ВРХЛ лигата од 18 часот Вардар ќе игра со победникот од натпреварот Будуќност - Крим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата