Габриел: Жал ми е ако израелскиот премиер одбие средба
Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел изјави дека ќе биде „благо кажано, забележително“, доколку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откаже предвидена средба во Израел помеѓу нив, како што тој и се заканува, пренесува БТА.
Нетанјаху претходно изјави дека доколку Габриел се сретне со две невладини организации, критички настроени кон израелските дејствија на Западниот Брег, тој ќе ја откаже средбата.
- Замислете си израелскиот премиер да дојде во Германија и да побара да се сретне со луѓе критички насочени кон Владата, а ние да кажеме - не може. Тоа би било незамисливо, изјави Габриел за германската телевизија ЗДФ.
Германија е еден од најблиските сојузници на Израел, но последниве години Берлин упатува се повеќе критики кон плановите на Израел за градење нови населби на Западниот Брег.
Ново на Сител
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места
-
Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ
-
Продолжува расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа