Работилница „Стоп за насилството врз жените“
Насилството на родова основа е брутална форма на дискриминација и кршење на основните права на сите жртви. Тоа е и причина и последица на родова нееднаквост и нееднаквите односи на силите меѓу луѓето. Овој феномен во голема мерка останува непријавен. Европската унија ги прифаќа рефенците за новата стратегија за недискриминација според Истанбулската конвенција.
Ова денеска го истакна раководителот на секторот за соработка при делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини на работилницата во рамки на националната компонента на програмата на ЕУ и ОН за жени „Стоп за насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Имплементација на норми, промена на мислењата“ финансирана од ЕУ.
Посочи дека ЕУ ќе продолжи да работи со Владата на усвојување на законот за спречување на насилство врз жените и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро.
- Постојат само четири шелтер центри во државата. Механизмот за правна заштита од дискриминација мора да функционира на многу подобар начин. Ниту народниот правобранител, ниту пак останатите тела не водат соодветни записи за поплаки врз основа на родова дискриминација. Единицата за родова рамноправност при Министерството за труд и социјална политика и натаму нема доволно средства и има ограничени капацитети за да го спроведат новиот закон за родова рамноправност и родова недискриминација. Постои општ недостиг на политичка волја за фаќање во костец со овие стереотипи, рече Бертолини.
Потенцира дека ЕУ сака да го финансира овој проект со кој во државата ќе се зајакне гласот на жените, ќе се изградат капацитетите на организациите од граѓанското општество кои се активни во борбата за правата на жените.
- Ќе се работи со жените и со Парламентот да се измени постојната законска регулатива за да биде во согласност со меѓународните стандарди, конвенциите на ОН, директивите и Истанбулската конвенција, ќе се работи на подобрување на ефективноста на акциите за да се адресира родовиот стереотип и собирање на податоците, ќе се даде техничка помош на Владата и организациите од граѓанското општество за да се адресираат јазот и обезбедувањето услуги и да се подобри нивниот квалитет како одговор на насилството врз жените, додаде Бертолини.
Постојаниот координатор на ОН, Лујза Винтон рече дека целта е да се надмине рамката на домашното насилство и сите останати форми на дискриминација врз жените и да се посвети внимание на причинителите, вклучувајќи ги општествените норми, стереотипите и традиционалните причини кои доведуваат до насилство врз жените.
- Глобалната клима треба да се смени, да почнеме со промени и почитување. Женските права се и човекови права. Невладините организации имаат круцијална суштинска одлука заедно со Владата, Парламентот, со приватниот сектор. Невладините организации се пионери во подигнување на родовата еднаквост и се борат не само во финансиска смисла, туку и во секој друг поглед, додаде Винтон.
Државниот советник за еднакви можности во Минитерството за труд и социјална политика, Елена Грозданова истакна дека преземањето бројни активности во насока на подобрување на пристапот кон родовата еднаквост пред се, превенирање на дискриминацијата, превенирање или елиминирање на стереотипите се дефинирани како стратешка цел 2 од Националната стратегија за родова еднаквост 2013-2020 која ја усвои Собранието на Република Македонија.
Во оваа стратегија, појасни, првпат е дадена дефиниција за родово базирано насилство која за жал ја нема во Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. - Оваа регионална програма ја гледам како предизвик да се детектираат и да се спроведуваат мерки и активности кои ќе бидат во согласност со националните политики, додаде Грозданова.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај