Барбика „од крв и месо“ почина на својата последна пластична операција
Девојките кои си го посветиле животот на тоа да добијат изглед на најпознатата русокоса кукла на светот, „Барбиката“, изгубија своја драга истомисленичка.
Имено, Кристина Мартели (22), која на Инстаграм има 600.000 следачи, почина во операциска сала, оти нејзиното тело не ја издржало последната пластична операција.
- Почивај во мир, убавице! Уште не можам да поверувам дека повеќе не си меѓу нас, напиша на социјалните мрежи нејзината пријателка Ејми Андерсон, којашто исто така е една од оние кои личат на Барби.
Пријателите на Кристина раскажуваат дека последниве месеци таа била буквално опседната околу тоа да го зголеми својот задник. Тоа и било кобно по нејзиниот живот, откако имплантите, коишто лекарите и ги вградиле во задникот, нејзиниот организам едноставно не ги прифатил.
Пред смртта, девојката велеше дека направила 100 пластични операции, за да го добие посакуваниот изглед.
- Моето име е Кристина Мартели и станав многу популарна на социјалните мрежи, поради мојот изглед! Јас сум француско-италијанско дете од 90-те, кое пораснало во Квебек, Канада. Причината за сите мои операции е едноставна - сакав да направам моето тело да изгледа различно, да се усовршувам и не жалам за ништо. Кога бев малечка, не ми се допаѓаше како изгледам. Гледав како жените си прават пластични операции и изгледаат убаво. Одлучив да се обидам, и ми се допаѓа, раскажуваше Кристина.
Ново на Сител
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи