Ја извлекоа онесвестена од смачканиот автомобил: Пинк ѕвездата преживеа тешка сообраќајка

Пејачката Тамара Радмиловиќ која на пошироката јавност и е позната по првата сезона до „Пинкови ѕвезди“ во ноќта меѓу понеделникот и вторникот имала сообраќајна несреќа во Лозница, при враќање од настап.
Таа по сообраќајната несреќа е хоспитализирана, а на своите пријатели и фанови вчера им се јави од болница.
-Еве драги мои наместо од настап, вечерва ви се јавувам директно од болница! Важно е дека сум здрава и жива и дека се јавувам. 18. април е мојот втор роденден зошто преживеав сообраќајна несреќа поради која ќе сменам многу работи во животот! Сега со мене се е ОК, и ова ќе го сфатам како годишен одмор! Сега мала пауза од настапи, наскоро ќе бидете известени за истите. Им се извинувам на луѓето кои искреноме сакаат што преживеаја траума поради мене! Ве сакам!, напиша Тамара, а нејзините пријатели и упатија желби за побрзо опоравување.
-При враќање од еден роденден во Лозница ноќта во понеделникот во еден момент изгубив концентрација во возењето и влетав во еден канал и со автомобилот удрил во бетонски ѕид. Ми си отвори воздушното перничи и само се сеќавам дека паднав во несвест. Воопшто не знам како ме најдоа и како ме извлекоа од автомобилот. Само знм дека се разбудив во болница по операцијата, рече Тамара за Пинк.рс.
-Ми пукнаа две ребра и бешиката, но изгледа се ќе биде во ред. Лежев 5 дена во болница во Лозница и сега ме префрлија во Нови Сад. Се надевам на брзо опоравување и дека за 10 дена ќе излезам од болница. Се ме боли, но очекувам дека за 10 дена ќе ја напуштам болницата. По се, ова ми беше добра животна лекција. Ќе морам да сменам некои навики од претходно. Добро сум и малку фалеше да го загубам животот зошто повредите беа на опасни места, рече Тамара.
Ново на Сител
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството
-

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток
-

Трамп: Мислам дека со Куба можам да правам што сакам
-

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ
-

Четиристотини загинати во ракетен напад врз болница во Кабул
