Ломбардија и Венето организираат референдум за поголема автономија во Италија
Богатите италијански области Ломбардија и Венето организираат на 22 октомври консултативен референдум за поголема автономија во однос на Владата во Рим.
Гувернерот на Ломбардија, Роберто Мерони ја објави одлуката, одговарајќи позитивно на предлогот на својот колега од Венето, Лука Џаја.
Двајцата гувернери се високи членови на италијанската антимигрантска и антиевропска Северна лига, која во минатото си поставуваше за цел прогласување независност на Падања, регион околу реката По, кој не постои на мапата, во северниот дел на Апенинскиот Полуостров.
На референдумот граѓаните на двете области ќе треба да се изјаснат за тоа длаи сакаат поголема автономија во однос на централната влада во некои сфери. Прашањето кое се подразбира е „дали сакате помалку пари од вашите даноци да им се пренесуваат на другите италијански региони“, кои не се толку богати.
Според италијанските медиуми сумата, за која станува збор е над 70 милијарди евра годишно од даноците на двете области, кои во теорија може да останат кај нив. Ломбардија произведува околу една четвртина од БДП на Италија.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава